Силиконски лепенки за брадавици

590,00 ден

Самодоверба и удобност во текот на целиот ден

BadBunny силиконските лепенки за брадавици се дизајнирани да ти овозможат целосна слобода при носење на омилените парчиња облека. Изработени се од мек, дишечки и хипоалергенски силикон кој нежно прилега на кожата и создава природен, невидлив изглед под секое парче облека.

Благодарение на сигурното лепаче, остануваат на место во текот на целиот ден, без разлика дали носиш фустан со отворен грб, топ без прерамки или тенка маичка.

Зошто ќе ги обожаваш?

  • Природен и мазен изглед без видливи линии.
  • Ултра тенок и удобен дизајн што се чувствува како втора кожа.
  • Хипоалергенски материјал, погоден и за чувствителна кожа.
  • Отпорни на пот за сигурно носење во текот на целиот ден.
  • Нежно лепило кое не ја иритира кожата.
  • Повеќекратна употреба со правилно одржување.

Без разлика дали се спремаш за на работа или за посебен настан, нашите силиконски лепенки ќе ти дадат сигурност, удобност и самодоверба во секој момент.

Одржување

За да ја задржат својата лепливост и квалитет што е можно подолго, следи ги овие едноставни чекори:

  • По секоја употреба, измиј ги рачно со млака вода.
  • Остави ги да се исушат природно, со лепливата страна нагоре.
  • Кога целосно ќе се исушат, залепи ја заштитната пластична фолија назад.
  • Чувај ги во оригиналната BadBunny кутија.

Совет: Пред употреба, кожата треба да биде чиста, сува и без креми, масла или пудра за најдобро прилепување.

Со правилно одржување, твоите силиконски лепенки ќе останат чисти, хигиенски и подготвени за повеќекратна употреба.

Availability: На залиха

Можеби ќе ти се допадне и ова

Вие исто така би сакале…

               Copyright © 2022 BadBunny

Shopping Cart